Македонскиот интернационалец во дресот на Наполи, Горан Пандев е главниот адут на Жозе Мурињо за донесување на Едисон Кавани на „Стемфорд Бриџ“.


На иницијатива на португалскиот стратег Пандев дојде на „Џузепе Меаца“, тој дебитираше со погодок против Милан, а подоцна заедно стигнаа до тројната круна.

Лондонските сини за услугите на Уругваецот подготвени се да платат 55 милиони евра, а тимот од Неапол бара 63 милиони.

Претседателот на Наполи најави дека за помала сума од 63 милиони нема да ја разгледа никоја понуда за „бомбардерот“ од Уругвај.

Мх.П.