Лекарските прегледи во Милано ќе покажат каква повреда заработи нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев на  дуелот од Лигата на шампионите против Твенте.


Италијанските медиуми шпекулираат дека се работи за повреда на лигаментите во коленото на Пандев, деталната дијагноза ќе биде соопштена денеска по најавените прегледи.

Тој доби силен удар во коленото. Изгледаше болно, но ќе мора да се направат испитувања за да се утврди за што се работи. Ќе мора да почекаме – рече стретегот на Интер , Рафа Бените.

Европскиот првак Интер одигра 2-2 на гостувањето кај Твенте, во Холандија.

Ohridnews