Македонскиот интернационалец Горан Пандев беше најдобро оценет фудбалер на куп мечот Наполи – Чезена 2-1. Пандев кој доби највисока оцена 7.5 во игра влезе во вторите 45 минути и тоа на место на новото засилување чилеанецот Варгас, кој одигра прво полувреме за заборав.


Со влегувањето на “кунф Фу Пандев“ живна играта на “аѕурите“ индиректено учествуваше во изедначувачкиот погодок на Кавани, а со својот “фантазма“ гол во финишот на мечот го остави во трка за трофејот тимот на Мацари.

“Кунг Фу Пандев“ ја скроти Чезена (видео)

М.П.