Македонскиот капитен Горан Пандев, нема Твитер ниту Фејсбук профил и немал проблем да се врати во Интер. Вака Пандев ги демантираше написите на интернет порталите како и дел од италијанските медиуми кои од твитер профилот на Пандев ја презеле оваа вест.


Не е точно дека јас сум напишал нешто на Твитер. Не е точна таа порака. Не сум напишал ништо такво на Твитер. Во овој момент јас немам никаков профил на Твитер и немам никаков профил на Фејсбук. Некој пишува во мое име, изјави македонскиот интернационалец за познатиот портал Калчомеркато.

Иако некој го злоупотребил профилот на Пандев, впечатокот е дека најдобриот македонскиот фудбалер на денешницата нема соодветен ПР тим кој би работел на неговиот имиџ.

Пред некое време во весникот “Вест“ османа наслов дека тој не планриа повеќе да игра за македонската репрезентација, за да потоа после три дена ја демантира веста, велејќи дека не бил добро разбран.

За време на подготовките на македонската репрезентација за мечот со Албанија во Прилеп, преку радио во Наполи порача дека нема да игра за мечот со Албанија. По барање на Џон “No Comment“ Тошак пристигна во Охрид, пријави повреда и веднаш беше поштеден, ден подоцна одигра пријателски меч во кој постигна два гола.

Горан Пандев сам по себе е вест, но и капитенот треба да биде свесен дека читателите се “гладни“ по пикантерии кои ги следат јавните личности.

М.П.