Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев,смета дека ако ја повториме играта од Даблин со малку среќа може да ги добиеме Ирците и да го завртиме текот на квалификациите.


–    Натпреварот со Ирска е наша последна шанса во овие квалификации. Одигравме одличен натпревар во Даблин но немавме среќа да ги освоиме бодовите. Сега не очекува тежок натпревар но со подршка на публиката можеме да ги добиеме Ирците – истакна Пандев.

Пандев кој во неделата го освои третиот куп со Интер доби два дена поштеда од стручниот штаб на репрезентацијата, претпладнево го одржа првиот тренинг.

фото Емилио
М.П.