Горан Пандев и римски Лацио со пораз се збогуваа од настапите во фудбалска Европа. Пандев повторно погоди против Реал но недоволно за ново изненадување. Сета работа “кралевите“ ја завршија во првиот дел кога со погодоците на Баптиста, Раул и Робињо имаа 3-0 предност. Почесниот гол за Лацио го постигна Пандев на кого ова му беше четврти гол во ЛШ, а  во судиското надополнување Роки промаши пенал.

“заби“ четири гола од пет натпревари во ЛШ .Три на Реал .

Вo Пиреа Грците ништо не оставија на случајност совладувајќи го Вердер со 3-0. Олипијакос по прв пат ја поминува групата во ова натпреварување. Од оваа група Вердер оди во Уефа купот.

Импресивно минатогодишниот вицешампион Ливерпул на Велодром го разби Марсеј шампионот од 92` и со три победи во последните три кола покажа дека местото му е меѓу топ 16. Рафа го одложи барем за одредено време притискот од неговите плеќи. Стрелци во победата беа Жерард, Торес, Кујт и Бабел .

нема играње со црвените

Шампионот од 2003, Порто, стигна до победа која не само што му обезбеди пласман во наредната рунда, туку од оваа група португалците ќе излезат како лидери. Гонзалес и Кварезма постигнаа по еден гол во двете полувремиња за пласман понатаму .

Откако беше познат лидерот во Б групата неизвесност понуди директната пресеметка во Гелзеркинхен помеѓу Шалке и Розенборг. На крајот се радуваа германцита кои триумфираа со 3-1, но не задоволни не беа ни норвежаните кои продолжуваат во Уефа Купот. Во Лондон  Челзи – Валенсија 0-0 .

победата им ја посветија на ноќните птици

Вечерва играт

Група Е: Ренџерс – Олимпик Л., Барселона – Штутгарт;

Група Ф: Рома – Манчестер ј., Спортинг – Динамо К;

Група Г: ПСВ – Интер, Фенербахче – ЦСКА М;

Група Х: Арсенал – Стеауа, Славија – Севилја.

Мирко Постоловски