Македонската фудбалска репрезентација денеска, со попладневен тренинг ќе ги започне финалните подготовки за полуфиналниот бараж натпревар со Косово во Лигата на Нации.

„Црвено жолтите“ немаа посакуван вовед откако поради позитивен тест на вирусот ковид -19 од комбинација отпадна Елиф Елмас. Добар епилог имаше во драмата околу Горан Пандев. Капитенот на Македонија после седум негативни тестови доби зелено светло од италијанските власти да допатува во Скопје.

А репрезентациајта натпреварот со Косово го игра на 8 октомври на Националната арена „Тодор Проевски“. Мечот поради кризата предизвикана од коронавирусот ќе се одигра пред празни трибини.

Победникот од Македонија – Косово силите ќе ги одмери со подобриот од вториот полуфинален дуел во кој силите ќе ги одмерат Белорусија – Ерменија.

OhridNews

 

Хасани наместо Елмас, Пандев на списокот од селекторот Ангеловски