Македонскиот интернационалец Горан Пандев продолжува да ги тресе мрежите на подготвителните натпревари. Последен на листата на Пандев, беше францускиот Бордо кој  беше совладан со 2-0.

Со овој гол Пандев ја зокружи неверојатната серија на постигнати голови на сите пријателски средби кои во предсезоната ги одигра Наполи.

На дресот на Пандев во наредната сезона се враќа бројот 19 , кој го носеше во времето кога настапуваше за римски Лацио.