Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев е прогласен за Европска личност на  Република Македонија за 2010 година. Наградата на Пандев му се доделува за неговиот придонес во промоцијата на земјата во Европа.


За него, ова е една од најдрагите признанија што ги добил во својата досегашна кариера.

„Долго време настапувам во странство и среќен сум што ја добив оваа награда. Се трудам што  подобро да ја презентирам нашата држава во Италија и сега за сега добро ми оди. Горд сум што сум Македонец и како човек од една мала држава успеав во Италија и настапувам во еден голем клуб, како што е Интер. Знаеме дека не е лесно да дојдеш од една мала држава и да ги постигнеш овие резултати што ги постигнав јас, сигурно и со помош на луѓето од Македонија“, рече Пандев.


Македонскиот репрезентативец со совет за младите спортисти – да работат многу и да веруваат во себе. Само на тој начин, според Пандев, може да се успее.

„Знам дека ние живееме во една мала држава, но сигурно со работа и со многу труд може да се постигне многу“, вели Пандев.

Наградата на Пандев му беше доделена на свечена академија на Европското движење во Република Македонија, во присуство на претседателот Ѓорге Иванов, евроамбасадорот Петер  Соренсен и преставниците на дипломатскиот кор во земјата.

“извор Макфакс“
Ohridnews