Македонската фудбалска репрезентација на 9. Февруари на Националната Арена Филип Втори Македонски ќе одигра пријателски дуел со селекцијата на Камерун, една од најсилните и најатрактивните селекции од Африка редовен учесник на мундијалите.


За љубителите на фудбалот во Македонија особено интересна ќе биде пресметката помеѓу клубските колеги Пандев и Ето од екипата на Интер.


Од понудите што ги имавме за пријателски дуели во ФИФА терминот, 9. Февруари одлучивме да ја избереме најатрактивната селекција, Камерун која е 38. рангирана во светот иако добри понуди имавме и од Чиле, Мали и Исланд.  Ова ќе биде силен и квалитетен тест за нас пред продолжението на квалификациите и гостувањето во Ирска. Љубителите на фудбалот во Македонија ќе можат на лице место да ги видат „европските шампиони” и капитени на обете селекции Пандев и Ето но и добра фудбалска престава. Очекуваме во Скопје да дојдат и Екото, Басонг, Сонго, Нонг . . . Програмата за подготовките за овој натпревар ќе ја објавиме дополнително а собирот ќе биде на 7. февруари во Скопје – изјави денеска селекторот Мирсад Јонуз.


Гостувањето на „нескротливите лавови” ќе биде трета пресметка на македонската репрезентација со селекции од Африка. Досега игравме со Египет во Куманово (2-2) и Нигерија во Скопје (0-0).

Почетокот на натпреварот ќе биде дополнително објавен.

Ohridnews