Горан Пандев ќе го предводи нападаот на “небесно – сините“ во финалниот натпревар од Копа Италија во кој Лацио ќе игра против Сампдорија (20.45 ч. пренос Наша ТВ). Триумфот во ова натпреварување е и единствена шанса римјаните во следната сезона да играт во Европа.– Мислам дека по ова финале нема да се променат работите околу мојот статус во Лацио. Најверојатно си заминувам на лето, а трофејот би бил круна на мојата добра петгодишна соработка со клубот– вели голгетерот на „орлите“.
Пандев со шест погодоци е убедливо најдобриот стрелец во националниот куп, а во листата на стрелци ова натпреварување зад него се Ибрахимовиќ (Интер) и Пацини (Сампдорија) со по три гола.
					


							






