Македонскиот интернационалец Горан Пандев од клупата го одгледа суперкуп мечот меѓу Интер и Милан кој заврши со победа на росонерите од 2-1.


Пандев иако во подготвителниот период одигра неколку солидни натпревари постигнувајќи серија погодоци не успеа да се наметне кај новиот шеф, италијанецот Џанпјеро Гасперини.

Изненадувачки пред капитенот на македонската репрезентација шанса добија новата аквицизија аргентинецот Алварез, како и нигериецот Оби. Гасперини го заборави Пандев на клупата и при замените, каде шанса добија Фараони на местот на Алварез и Кастињос на местото на Оби.

Пандев на стартот на подготовките најави дека нема намера да го напушти Интер и ќе остане во тимот да се бори за место меѓу првите 11.

Нова ситуација во таборот на “нероаѕурите“ е најавата за заминување на Весли Снајдер и тоа во Манчестер Сити, кај поранешниот стратег на Интер, Роберто Манчини.

М.П.