Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, се очекува по долгата пауза и прескокот на пријателските средби да се врати во составот на Мирсад Јонуз за мечот со Камерун на 9 февруари кој е генерален тест пред мошне важниот меч во Даблин против Р.Ирска. Тоа значи дека Горан Пандев и Самуел Ето би требало да ги видиме  еден против друг во  Скопје.


Селекторот Јонуз кој доста екпериментираше во подготвителниот период најави дека ќе го направи финалниот рез пред мечот во Даблин.  – На списокот што ќе го објавам, најверојатно, на 21 јануари, ќе се најдат стандардните репрезентативци кои и претходно беа повикувани, како и дел од оние кои настапија на последните два пријателски меча со Албанија и Кина. Немам намера повторно да испробувам нови фудбалери, бидејќи и на двата натпревари продефилираа доста нови имиња и повратници во репрезентацијата. Списокот ќе покаже кој задоволил, а кој не – вели селекторот Јонуз, кој против Камерунците ќе проба нова формација на средниот ред.

Цените на влезниците најверојатно ќе биде 300, 400 и 500 денари, а натпреварот првично е планиран да се одигра во 18 часот.

Ohridnews