Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз денеска го соопшти списокот на играчи кои ќе настап на пријателскиот натпревар со Камерун што ќе се одигра на Националната Арена Филип Втори Македонски на 9. Февруари со почеток во 17.30ч.

На списокот доминираат стандардните репрезентативци со што се потврдија очекувањата дека Македонија и Камерун ќе настапат во најсилните состави во Скопје со Пандев, Тричковски, И.Митревски, Новевски, Ето, Екото…..

 
А- РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

1. Нурединоски Един  – Етникос Ахнас / Кипар
2. Богатинов Мартин –  Карпати / Украина
3. Демири Мухамед –  Тун / Швајцарија
4. Митрески Игор  – Нефчи / Азербејџан
5. Новевски Николче  – Мајнц 05 / Германија
6. Шиков Ванче –  Етникос Ахнас / Кипар
7. Мојсов Даниел –  Војводина / Србија
8. Тодоровски Александар  – Рад / Србија
9. Попов Горан –  Динамо Киев / Украина
10. Лазевски Александар  – Партизан / Србија
11. Лазаревски Владе –  Тобол – Костањи / Казакстан
12. Шумуликоски Величе –  Новосибирск / Русија
13. Деспотовски Филип –  Интер Баку / Азербејџан
14. Тасевски Дарко  – Левски Софија / Бугарија
15. Пандев Горан  – Интер / Италија
16. Наумоски Илчо –  Матерсбург / Австрија
17. Ристиќ Стевица  – Амкар Перм / Русија
18. Тричковски Иван  – АПОЕЛ / Кипар

Ohridnews