Во стилот на Арјен Робен и Лионел Меси, Горан Пандев ја затресе мрежата на Бреша и ја запечати победата на Џенова (3-1) во последниот натпревар од вчерашната програма во италијанската Серија А. Фудбалерите на Џенова со победата против Бреша му посакаа срдечно добре дојде на новиот тренер Тијаго Мота кој дебитираше со триумф.

За Мота вредно е да се напомене дека трите фудбалери кои ги внесе во второто полувреме го реализираа пресвртот. Еден од нив беше Пандев.

OhridNews