По втор пат во својата кариера Горан Пандев како капитен ќе ја предводи македонската национална селекција. Со одлука на стручниот штаб Пандев ќе биде новиот македонски капитен во квалификациите. 


Струмичанецот 22 години беше најмладиот капитен на националниот тим но неговото капитенско деби ќе остане запаметено по неславниот пораз од Финска во Тампере со убедливи 5:0.

Пандев лентата ќе ја наследи од Шумиликоски кој нее во комбинација за мечот против Малта, поради реализација на трансферот во Сибир.

М.П.