Горан Пандев со Наполи ќе гостува во Торино, кај Јувентус, во дерби натпреварот од 30-то коло, во италијанската Серија А.

Наполи по шестте последовни победи, забележаа еден пораз (од Челзи во ЛШ) и два ремија во првенството, но тимот во кој игра Пандев и понатаму е во трка по третата позиција на која се наоѓа Лацио. Наполи зад местото кои води во квалификациите во Лигата на шампиони е оддалечен три бода.

Јувентус, кој е во игра за освојување на двата домашни трофеји, единствен нема пораз во првенството, но се чини дека многу пореално е да се надева на освојување на титулата во купот.

Двојки : Рома-Новара, Сиена-Удинезе, Каљари-Аталанта, Болоња-Палермо, Интер-Џенова, Фиорентина-Киево, Лече-Чезена, Јувентус-Наполи

Табела: Милан 64, Јувентус 59, Лацио 51, Наполи и Удинезе 48, Рома 44..

Видео : Милан ремизираше, пораз за Лацио

Ohridnews