Македонскиот интернационалец Горан Пандев и неговиот Наполи славееа победа од 2-0 на Катанија, по која се изедначија по бројот на бодови со лидерот Јувентус. Стрелци во триумфот на “аѕурите“ беа Хамшик и Канаваро.

Јувентус својот меч го игра в недела од 12.30 ч. и тоа против Киево на гости. На Сан Сиро во вечерниот термин Милан против Удинезе ќе го промовира новото засилување Супер Марио Балотели.

OhridNews