Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, при гостувањето на МТВ за време на финалниот меч од европскиот шампионат откри дека негова најголема желба е пласман на големо натпреварување со македонската репрезентација.


– Не очекува една тешка група, во квалификациите во Бразил 2014 година. Селекторот Тошак ја подмладува селекцијата и пријатно сум изненаден од она што можев да го видам на пријателските мечеви кои се одиграа против Португалија и Ангола. Децата покажаа дека имаат квалитет и со вистинска работа би можеле да се надеваме на таков успех. Јас ќе бидам најсреќен доколку Македонија успее да се квалификува на големо натпреварување. Тоа е мојот сон и мојата последна професионална желба – вели Пандев.

Македонскиот капитен ја продолжи верноста кон Наполи, а очекува неговиот тим сезонава да води главен збор во трката за скудетото.


– Останав во Наполи, бидејќи се работи за клуб со големо реноме. Наредна сезона атакуваме на скудетото, со неколкуте засилувањата во летниот преоден рок ќе бидеме доста конкуретни во лигата – заврши Пандев.

М.П.