Капитенот на македонска фудбалска репрезентација Горан Пандев со маестрален погодок ја зачини победата на Наполи против “фенерџијата“ Пескара 3-0.


Пандев го постигна вториот погодок по додавањето на Хамшик, резултатот го отвори Илнер, а триумфот го запечати Џемаили.

Македонскиот интернационалец стигна до петтиот погодок во сезоната, а до крајот преостануваат уште четири натпревари. Јувентус има предност од осум бодови и еден натпревар помалку.

Мх.П.