Горан Пандев беше стрелец во пријателскиот триумф на Наполи над Баер Минхен со 3-2. Македонскиот интернационалец беше стрелец на вториот гол и тоа само неколку минути откако влезе на местото на Варгас.

Баерн дојде во предност преку Алаба, а капитенот Канаваро во финишот на првиот дел го изедначи резултатот на 1-1. Пандев го доведе Наполи во предност, додека на 2-2 изедначи Шакири. Во финишот на мечот Инсење погоди и го постави конечниот резултат.

ohridnews