Македонскиот интернационалец Горан Пандев заработи суспензија од два меча и ќе го пропушти стартот во Серија А. Пандев на мечот од Суперкупот на Италија во Пекинг против Јувентус беше исклучен по навредите на помошниот судија.

Тренерот Мацари и Бразилецот Ѕунига добија казни од по еден меч за црвените картони добиени во текот на дуелот во Пекинг.