Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев беше еден од клучните играчи во триумфот на Интер на Светското клупско првенство во Абу Даби, ОАЕ. Италијанскиот првак Интер на европската и ја придодаде и светската круна.


– Успеавме да го освоиме трофејот и да демонстриравме дека сме вистински тим. Прикажавме како игра шампионска  екипа и во најважните моменти ние никогаш не паѓаме. Сакам да им заблагодарам на сите, кои ми помогнаа во тешките моменти. Ето ми сервираше прекрасна топка, но ова беше фантастичен настап на целиот тим. Сега, треба да уживаме во овој петти трофеј годинава – додаде Пандев.

Пандев стана третио македонец по Дарко Панчев и Илија Најодоски кој ја освоил светската круна. Панчев и Пандев ги тресеа мрежите на своите противници во финалните мечеви. Панчев во дресот на Црвена Звезда го постигна третиот гол во победата на Коло Коло, додека Пандев го отвори резултатот со голот во 13 минута.


Пандев беше фондаментален дел од тимот на Интер кој ги освои петте трофеи во 2010 година. Стандарден беше во тимот на Мурињо , кој успеа да ја освои Лигата на Шампиони , Скудетото и Купот на Италија. Во супер купот против Рома успеа да ја затресе мрежата на волчицата, а истото му појде од “нога“ на мечот со Мазембе.

М.П.