“Мислам дека топката ја мина гол линијата“- изјави  Горан Пандев веднаш по завршувањето на мечот Наполи – Чезена 2-1, за италијанскиот канал ‘Rai Sport’,.

Пандев кој според медиумите беше најдобро оценет играч првиот дел го преседа на клупата , додека со неговото влегување во вториот дел, играта доби сосема друг тек.

– Вечерва најважен беше резултатот, знаевме дека ќе биде тешко, но сосема заслужено одиме понатаму. Нашите очекувања се големи во Копа Италија, но сега се вртиме кон Серија А. Овде ми е одлично, и поминувам одлични моменти со оваа екипата – заврши Пандев.

Наполи во наредната рунда ќе игра со подобриот од мечот Интер – Џенова. Пандев во својата кариера два пати ја освоил Копа Италија, еднаш со Лацио и еднаш со Интер.

М.П.