Екипата на Џенова благодарание на Горан Пандев славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Верона и освои драгоцени три бодови во трката за опстанок во Серија А.
Првиот погодок во 11-от натпревар сезонава во „калчо“ лигата на капитенот на македонската фудбалска репрезентација се покажа среќен за неговиот тим кој игра далеку подобро на гостински терен, отколку пред своите гледачи.
Со трите бодови во режија на Пандев, Џенова се искачи четири скалила на табелата и избегна од опасната зона.
OhridNews