Македонската А репрезентација го одработи последниот тренинг пред заминувањето во Вадуз каде против селекцијата на Лихтештајн ќе го одигра петтиот натпревар во квалификациите за Светското првенство во Русија.


„Црвено жолтите“ ќе ја бркаат првата победа која ќе ги донесе и првите бодови на табелата во Г групата од квалификациите.

– Не сакаме да зборуваме за било кој натпревар дека сме фаворити, тоа треба да го покажеме на теренот. Не очекува натпревар кој може да ни донесе многу позитивни работи, да ни ја врати самодовербата и повторно да бидеме во позиција да се бориме за подобро место во квалификациската група. Мораме да направиме сѐ што е во наша моќ за да го победиме Лихтенштајн. Знаеме дека во фудбалот нема лесни противници и лесни натпревари, а единственото важно е да се освојат бодовите. Добро се подготвуваме, ќе влеземе мотивирани и се надевам дека најпосле ќе запишеме победа. – изјави Горан Пандев.

Натпреварот во Лихтештајн репрезентативците на Македонија го играат в петок со почеток во 20 часот и 45 минути. 

OhridNews