Данскиот репрезентативец, Даниел Агер ги договорил сите услови со Наполи за преселба во Серија А како позајмен фудбалер во паузата меѓу двете полусезони.

Агер меѓу „азурите“ ќе пристигне на инстисирање на тренерот Рафаел Бенитез, кој заедно со него работеше на Енфилд цели четири години.

Со него во составот Пандев и Наполи ќе добијат уште една коцка која им фали во шампионскиот мозаик.

Мх.П.