По одиграните четири рунди, новајлијата во второлигашкото друштво Охрид Лоте со освоени седум бода се најде на петтото место. Од клубот ваквиот старт го оценуваат како позитивен, но жалат за пропуштените шанси да прокнижат нови бодови пред се поради судиските грешки кои кумувале на лошите резултати.
– Аназилирајќи ги изминативе четири кола ни фалат три бода, што значи не сме задоволни особено што се се случуваше на последните два натпревари. Со Влазними требаше да го добиеме натпреварот но судиите си го зедоа спортскиот данок,а исто така со Миравци одевме на победа но се случи онаа лакрдија против нас – вели Спасе Панџак, член на УО на клубот.
“Градежниците“ имаа сериозни забелешки на делењето на судиската правда на мечевите против Влазними, (1-0) а поготово на гостувањето против Миравци (1-0) на натпреварот кој го водеше судијата Јакимоски.
– Ги анализиравме последните две средби гледајќи и касетите и може да заклучиме дека драстично сме оштетени од судиските тројки на последните натпревари. Нешто не е` во ред, познато дека има судии кои влечат некои негативности спремна нашиот клуб. Судијата Цветоски неколку пати по ред ја оштетува екипата на Охрид Лоте додека судијата Јакимоски е посебна приказна. Затоа ние излеговме со соопштени до сите електронски медиуми и спортски медиуми и до ФФМ не да ни се помогно но да судат судии кои вистина ја познаваат фудбалска игра. – истакна Панџак.
Панџак смета дека постојниот играчкиот кадар може да одговори на барањата на шефот Трифуноски и оти со неколку дополнувања ќе биде конкурентен во трката за местата кои водат во повисок ранг. Таквата амбиција ќе ја докажат не мечот во наредното коло против Цементарница кој се освен убедлив триумф би било еднакво на сензација.
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75 Првото полувреме донесе изр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.