Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ заедно со иницијативата „Збогум Буково“- Охрид организираат панел дискусија на тема „Диви депонии во општина Охрид – состојба и предлог решенија“.

Панелот ќе се фокусира на теми поврзани со спречување на појавата на диви депонии во општината, како системски решенија, моментални предизвици, конкретни обврски и рокови и улогата на заедницата и граѓанскиот сектор, велат организаторите.

Говорници на панелот ќе бидат Дарко Блинков, генерален инспектор за животна средина при Државен инспекторат за животна средина, Емил Ангелов, експерт за управување со отпад SALAR International и Џоко Савески, координатор за диви депонии Ј.П. Охридски Комуналец.

Панелот ќе се одржи на 13 февруари (петок) 2026 г. со симболичен почеток во 5 до 12, т.е. 11.55. часот.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“, спроведуван од страна на Центар за климатски промени во соработка со партнерите Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион. Проектот е финансиран од Швајцарската Амбасада преку програмата Цивика Мобилитас.

OhridNews