Лошите резултати во Ла лига и нарушените односи во соблекувалната, најверојатно, во Барселона ќе кулминираат со најцрното сценарио-заминување на Лионел Меси од екипата.

Аргентинцот ги прекинал преговорите за нов договор, со кој на Ноу Камп ќе требаше да остане до 2023 година. Меси бил лут на тренерот а најмногу на управата која не одработила добро последниве неколку години на трансфер пазарот.

Меси од важечкиот договор има уште една сезона со Барселона. Каталонците следнава сезона ќе имаат задача прво да најдат добар и квалитетен тренер, да го екипираат ростерот и потоа да седнат на маса со фудбалскиот виртуоз.

OhridNews