Многу загрижени лица можеше да се види на теренот во Дрезден на дуелот од Купот меѓу Динамо и Борусија Дортмунд по повредата на Марко Ројс.


Германскиот репрезентативец го повреди глуждот во 25-та минута и веднаш ја напушти играта со помош на клупските доктори.


По неговото враќање на теренот „милионерите“ почнаа да победуваат и ги избегнаа долните места од табелата во Бундес лигата.

Ројс е незаменлива алка во екипата на Јирген Клоп постигнувајќи пет погодоци во последните пет натпревари за Дортмунд во националниот шампионат.

Германецот на харизматичниот стратег му е неопходен за реванш натпреварот со Јувентус во Лигата на Шампиони откако „милионерите“ го загубија првиот со 2-1.

Ohridnews