Џорди Роура, првиот асистент на Тито Виланова, ќе ја предводи Барселона, во натпреварот од 17-то коло против Ваљадолид.


Челниците на Барселона експресно реагираа откако на Виланова повторно му бил констатиран тумор на плунковната жлезда.

Инаку, Роура беше „човек од доверба“ и на претходниот тренер Пеп Гвардиола, поради што некои шпански медиуми наведуваат дека тој може да биде и конечно решение, бидејќи екипата во следните неколку месеци ќе биде без Виланова, кого го очекува операција и долг период на закрепнување.

Роура играчката кариера ја започнал во Барселона, но за четири сезони одиграл само десет натпревари, а се повлече во 1994 година поради тешка повреда на коленото. Потоа целосно се посвети на тренерската работа.

Одделни медиуми не веруваат дека Роура на подолг период ќе биде тренер на Барселона, истите извори наведуваат дека е воспоставен контакт со Пеп Гвардиола, како и дека во комбинација влегува и Луис Енрике, која како фудбалер осум години мина на „Камп Ноу“, а беше и тренер на Б екипата на Барселона.

“Макфакс“