Филмот, главно е сниман на локации во Скопје, Куманово, Дебар и Дебарско Езеро. Во продукција е на „Панк филм“ и станува збор за урбана љубовна приказна меѓу Митре (Јордан Симонов) и Нина (Камка Тоциновски), а жанровски припаѓа во црна комедија. Другите улоги ги играат Тони Михајловски, Кирил Поп Христов, Владимир Тулиев, Ратка Радмановиќ, Џевдет Јашари, Даниела Димитровска и др.
Проекциите ќе започнуваат во 20 часот, цена на билетот 100 денари.