Согласно научните проценки температурата во Македонија до 2100 година ќе порасне за 3,8 степени а врнежите ќе се намалат за 13 проценти во просек , поради што многу е веројатно дека земјата ќе се соочи со голема криза за вода. Овие сознанија ги изнесе државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски, на меѓународната конференција посветена на водата и климатските промени што во организација на Светска банка деновиве се одржа во Тирана – Албанија.„Науката , менаџерите и други стручни лица треба да се обединат околу оваа проблематика и да достават до оние кои одлучуваат единствени и прецизни податоци , за да можат да се донесат правилни политички одлуки во вистински момент”, смета Паноски.
Се смета дека климатските промени во овој век ќе предизвикаат сериозна светска криза за вода и храна, која нема да го одмине регионот.












