Како што велат оттаму, неодговорно е да се дезинформира околу заклучоци кои ги донела Владата, бидејќи со тоа се губи кредибилитетот и довербата кон научната институција во целост.
– Ние кои посебно работиме на билатерално и меѓународно управување со нашите водни басени, каков што е Дримскиот Басен и неговите подсливови Охридско и Преспанско езеро ,секогаш нашите одлуки,програми,активности ги базираме врз довербата во научните наоди кои ги имаме , но таа доверба на ваков начин само може да се изгуби. При носењето на одлуките потребно е да се има во предвид релевантноста, одговорноста и референтноста на оние кои информираат, оние кои даваат мислења и кои презентираат наоди, затоа што тоа е важно пред оние кои треба да го понесат теретот на одлучувањето – потенцира Дејан Пановски од Одделение за Дримскиот Басен при МЖСПП.