Секоја година 2- ри февруари во светот се одбележува како  Ден на водните живеалишта, популарно наречени мочуришта и блата, со цел да се подигне свеста за нивното значење и потребата од нивна заштита.

Тие претставуваат природни филтри на водата и во нив егзистираат голем број ендемични видови, потенцираат стручните лица.

Во време во кое ни е потребна заштита на колку што е можно повеќе од природата, обврска е на секој чинител да биде дел од таа поддршка. Мочуришните предели често се гледаат како бариера за некои други активости(земјоделие ,урбан развој) и често се предмет на уништување и исушување. Улогата на овие предели е честопати подценета, иако тоа се природни филтри на водата , живеалишта на ендемични видови, чуватели на почвата, научно и туристички точки. Во нашето опкружување имаме сеуште остаток од Студенчишко блато,поголема површина на Белчишкото Блато и резерватот Езерани на Преспа. Улогата на нашава генерација е спречиме понатамошно уништување и губење на овие предели.Улогата на идната генерација ќе биде да ги реставрираат и комплетно заштитат овие исклучително важни предели , вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро.

Светскиот ден на водните живеалишта се одбележува по повод годишнината од потпишувањето на конвенцијата за нивното меѓународно значење, потпишана  во Иран во 1971 година.

За прв пат овој ден беше прославен во 1997 година. Од тогаш, владини и невладини организации го одбележуваат 2 февруари организирајќи бројни активности со цел да се подигне свеста кај луѓето за значењето и вредноста на водните живеалишта. 

OhridNews