
Од македонска страна зад реализацијата на ваков проект институционално застанува Министерството за животна средина и просторно планирање преку Билатералниот Комитет за заштита на охридското Езеро . Всушност главната идеја за ваков проект е раководена од Билатералниот секретаријат во Охрид како нужно продолжение на активностите и искуството од билатералниот прекуграничен проект за заштита на охридскиот слив, вели Дејан Пановски секретар Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, кој ќе ја претатвува Македонија на состанокот во Тирана.
Како преставник на Министерството за живота средина и просторно планирање, Пановски , ќе присуствува и на состанокот на управувачкиот Борд на Европската Агенција за животна средина во Копенхаген , Данска. Состанокот кој ќе се одржи на 25 ноември има за цел да ја подготви и претстави структурата на најновиот Извештај на Европската Агенција за животна средина за состојбата на животната средина во Европа вклучувајќи ја притоа и состојбата со животната средина во Западниот Балкан.












