На реакцијата на СДСМ која се однесуваше на анализата на институтот „Павел Шатев“, со контра реакција се јави, Дејан Пановски, со која продолжува политичкото препукување на локалната сцена. Во реакцијата на Пановски се вели:

„Жално е за демократскиот капацитет на едно општество кога ќе Ве обвинат за едноумие оние луѓе кои влечат корени од еден тоталитарен систем, кој е составен дел од нивната “романтична” историја.

За појаснување на некои деца на тоталитарноста, што е едноумие: – тоа е немање чувство за демократска комуникација, едноумие е кога немате капацитет да поднесете критика и секоја критична мисла насочена кон вашата несериозност во извршувањето на јавната функција ја подразбирате како  напад врз институцијата која, за наша жал, Вие ја претставувате. Едноумие е кога со Вашите АГИПРОП методи сакате да се прикажете како единствен избор, а не го заслужувате тоа. Едноумие е кога мислите дека Вие сте единствена можност и не постои друг освен Вас.

За да се разбере пак што е парламентарност, ќе мора да го искорените синдромот на тоталитарност, кој за жал е Ваш генетски деформитет.

Неможам да Ви ја разбирам споредбата со Стане Доланц, веројатно заради големата разлика во годините помеѓу мене е лицето кое се спомнува. Но, веројатно авторот на текстот кој временски и идеолошки припаѓа на тоа време, ќе  може во некоја прилика да ми ја објасни суштината на споредбата. Јас ,пак , политиката сум ја учел со разни политичари (како и сите ние)  и од сите нив сум го извлекувал доброто и чесното , но секогаш сум бил врзан со десната , конзервативна коалиција и мисла.  Другарите пак со кои седам  се чесни луѓе. Ние немаме богатство , пари , коли , куќи , сметки ,и не сакаме, друг сме ментален склоп ама сме чесен сој чие срце чука за Охрид. А кодошите што ги споменувате , веројатно мислите на самиот пишувач на текстот кој што и да напише веднаш се јавува и зборува како Шефот го натерал а тој бил ваков и таков. Срамете се.

Но , срамно е за една политичка партија која сакам да ја респектирам (во која за жал длабоко прегазени  има и луѓе кои навистина ги почитувам) , партија која што има тотална контрола врз органите на општината, локалната самоуправа која ни припаѓа на сите нас, да ја користи како истурена своја партиска филијала и таму да се пишуваат партиски соопштенија. Се надевав на Ваш по профилиран политички настап, но веројатно ќе почекаме во некоја друга прилика, кога ќе го тргнете баластот од лицата длабоко загазени во калта на полтронството.  И тогаш ќе сфатите кој  и колку навистина направил за Охрид на меѓународно , политичко и еколошко ниво и јас со тоа се гордеам . Знам дека вие веќе имате ноќна мора но не плашете се јас никогаш не користам гнасен јазик кон политичките неистомисленици . Затоа што не ми е стил и воспитување а и ќе треба ако се почне многу многу страници да се пишуваат .Јас сакам да го чувам дигнитетот на Охрид , не работам по никакви наредби ,туку да помогнам а вам тука ви е грешката. Не барајте раска во окото на другиот туку извадете ја гредата од своето.

И на крај пораката :   Не верував ,повторно , дека една обична политичка анализа ќе ве доведе безмалку до лудило ,страв и повторно ќе се удавите во својот бес , пизма ,клеветење и лаги. Без паника , тоа е само анализа, лична перцепција ( и тоа извинете ама без ниеден навредлив збор) какви што уште многу ќе ги има. А ,зарем личат вашите реакции на Охрид , зарем Вие сте сликата на Охрид?

Вие сешто напишавте и се погрешивте . Покажавте само очигледно дека не го познавате Пановски и во вашиот склоп не можете да препознаете скромен и чесен пристап во работата и политиката . Но , кому да се каже тоа . Заслепени , не го разбираат тоа .  Затоа да Ве потсетам , тоа е човекот кој пред 6 месеци ( и тоа без и еднаш да ве навредува) заедно со партискиот тим , убедливо Ве победија на изборите во Охрид ……Сега искрено не ми е лично тоа во план, но , по се ми изгледа дека сакате да предизвикате  да ви биде повторено тоа задоволство .

На нарачателот , пишувачот , испраќачите ,…….Ви посакувам Среќни празници и Среќна Нова 2009 година“, стои во како што се наведува строго личниот одговор на Дејан Пановски.

.