Дејан Пановски од Министерството за животна средина и просторно планирање,следниве два дена во седиштето на Европската Комисија во Брисел, ќе учествува на состанокот на Работната група за ревизија на политиките во животната средина во рамките на ЕУ, како член на работната група и преставник на Република Македонија.

Главните теми на состанокот ќе бидат инспекција и мониторинг врз имплементацијата на законската регулатива во животната средина, имплементацијата на директивата за употреба на хемикалии (РЕАЦХ), подготовки за новата стратегија на ЕУ за биодиверзитетот  како и стратегијата на  ЕУ за 2020 година од еколошка перспектива. Пановски ќе учествува и во работата на групата за климатски политики на ЕУ каде ќе се презентира новиот Директорат на ЕУ за климатски акции .

Согласно агендата, Пановски ќе има и заедничка работна средба со Комесарот за животна средина на Европската Унија, господинот Поточник.

OhridNews