Како претставник на Министерството за живота средина и просторно планирање, секретарот на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро , Дејан Пановски , ќе присуствува на состанокот на управувачкиот Борд на Европската Агенција за животна средина што денеска ќе се одржи во Копенхаген , Данска.

Состанокот има за цел да ја подготви и претстави структурата на најновиот Извештај на Европската Агенција за животна средина за состојбата на животната средина во Европа, вклучувајќи ја притоа и состојбата со животната средина во Западен Балкан.

Од структурата на  Извештајот ќе  произлезат обврски за Република Македонија, но и препораки за темпото на  остварувањето на насоките за подобрување на животната средина, кои ќе треба да ги спроведеме до 2010 година,  кога ќе биде објавен новиот Извештај, изјави Паноски.   Тој очекува на  неофицијалниот дел од состанокот да биде  отворено  и прашањето за зачленување на Р.Македонија во Европската Агенција за животна средина.

Ohridnews