Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за Охридско езеро , денеска во Обединетите нации во Женева одржа говор и презентација за прекуграничното управување и заштита на Охридското езеро со која ја отвори сесијата за искуствата на заедничките тела за соработка . Тој потсети на почетоците на институционалната заштита, но и на заедничките протоколи на научните институции , заедничките мерки и потпишаните договори.

Пановски исто така потенцираше дека се уште има отворени прашања како што се рибарството, но и управувањето на нивото на езерото кое е поврзано со потребите на енергетските системи на државите , како и грижата за биодиверзитетот и еко системот во целина.

– Охрид и Охридското езеро се од интерес на Меѓународните организации заради природното и културно наследство. Кај нас се уште имаме голем проблем со индивидуалната свест, но и со финансиските можности за решавање на критичните точки.Секој и најмал  чекор за подобрување на состојбите е важен. Проектите мора да прераснат во процеси  за да не задоцниме со еколошката реакција, рече Пановски.

Пановски редовно е поканет да учествува на состаноците на работните групи во рамките на ООН во Женева што е признание за долгогодишната работа во оваа сфера, за донесените проекти и за еко дипломатијата како промоција на Охрид и Охридското езеро.

OhridNews