За Билатерален Секретаријат за сливот на Охридско Езеро годината која изминува е година на ефектуирање на долгогодишната работа и година во која се донесени нови вредности за Охрид и Регионот кои ќе имаат историско значење, кои носат  работа и економски бенефит.

– Фактот дека обезбедивме охридскиот регион да биде центар на меѓународниот еколошки интерес и во него долгорочно да се вложува за одржливиот развој е огромна инвестиција донесена за генерациите кои живеат околу Охридско Езеро. И во 2015 заедно ќе имаме многу работа овојпат во имплементација на проектите  и процесите, вели Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат.

Од Билатералниот секретаријат потсетуваат на меѓународните проекти донесени во 2014 година, меѓу кои:  Прогласен регионот Охрид/Преспа за Прекуграничен Биосферен резерват под УНЕСКО, одобрена имплементацијата на Дримскиот Проект на ГЕФ од 2015, во кој учествуваат  5 држави.

– После 6 години работа, лобирање, пишување ,преговори , добиен е проектот, одобрена е неговата имплементациона фаза  и од следната година државите ќе може да ги користат средствата од ГЕФ за наредни 4 години. Непроценлива вредност за иднината и голем предизвик, потенцира Пановски.

Во текот на 2014 започна реализацијата на проектот преку ЕУ за номинација за добивање УНЕСКО статус на албанската страна на Охридското Езеро, како и Проектот за  рехабилитација и довршување на Колекторскиот систем преку JICA Јапонија.

OhridNews