Во Женева во тек е меѓународна конференција под покровителство на Обединетите нации, на која се дискутира за влијанието на климатските промени врз водните ресурси. Македонски претстaвник на конференцијата е Дејан Пановски од Министерството за животна средина и просторно планирање, кој во своето обраќање се осврна на прекуграничната соработка во насока на заштита на водните ресурси.

-Водните ресурси се ранливи и веќе се под влијание на климатските промени со последици кон здравјето на луѓето, но и кон економијата и животната средина. Прекуграничниот аспект, пак значи дека ризикот ќе биде споделен, а адаптацијата кон климатските промени треба да биде координирана, истакна Пановски.

На конференцијата во Женева ќе биде изготвена Декларацијата за дримскиот басен, во која дел се однесува токму на климатските промени и нивното влијание врз регионот.

OhridNews