
– За мене е неприфатливо средбите со високите претставници на ЕУ да се користат за неосновани жалби и поплаки од страна претставниците на локалната самоуправа. Недостоинствено е да се паѓа на коленици во желба да се претставите себеси како некаква жртва. Прво тоа не е вистина затоа што најмалку уште толку е виновна самата локална самоуправа , а второ е малодушно и тотално недипломатски. Заради таквата политика на претставување на позиција на наводна жртва , жртва и натаму е за жал се општината . – изјави Пановски.
Тој посочи дека на средбата со евроамбасадорот истакнал дека најитно е потребо да се одржи состанок за подобрување на комуникацијата помеѓу локалната и централната власт во интерес пред се на Охрид како и сеопфатен форум за конечно да се заземе став во кој правец ќе се развива градот.
– Дипломатијата и водењето на градот е вештина да ги донесете луѓето на маса и да го решите проблемот, а не вештина на ронење крокодилски солзи.-вели Пановски.
OhridNews











