Папата Франциск предупреди за негативните ефекти од вештачката интелигенција врз општествата за време на посетата на Сингапур.

Технолошкиот развој ризикува да ги изолира поединците и да ги стави во лажна реалност. Вештачката интелигенција треба да се користи за да се зближат луѓето и да се промовира разбирањето и солидарноста во општеството, рече Папата.
Сингапур е последната станица од најдолгото патување во странство на 87-годишниот папа, кое траеше вкупно 12 дена.
Според Ватикан, од речиси шест милиони жители на оваа земја, само 176.000 се католици.
OhridNews
 
					



 
							







 
					