Во писмото грчкиот премиер предлага да се сретне со Груевски на маргините на следниот европски совет, кој ќе се случи во првата половина на март.
Понатаму во текстот Пападимос изрази надеж за подобрување на односите меѓу двете земји, а во врска со проблемот со името, нагласува дека позицијата на Грција останува иста, односно прашањето да се решава во Обединетите нации.
Тој очекува претстојната посета на медијаторот Нимиц на регионот да даде придонес во процесот за решавање на прашањето на името.