Папата Франциск испратен до вечното почивалиште во римската базилика Света Марија Велика
26.04.25 14:50
Папата Франциск денес беше испратен до вечното почивалиште во римската базилика Света Марија Велика во Ватикан.
Погребната поворка која го носеше ковчегот со Папата тргна од базиликата Свети Петар, низ улиците на Рим каде бројни верници му оддадоа почит.
Симболично со оглед дека Папата секогаш се молел пред иконата на Мајката Божја во базиликата Света Марија Велика ковчегот беше пренесен пред истата, по што продолжија обредите. Во базиликата присуствуваа одреден број кардинали, најблиските соработници на Папата. Погребот во базиликата беше затворен за јавноста.
Претходно беше одржана церемонија на пространиот плоштад пред базиликата Свети Петар каде на последното испраќање на Папата присуствуваа бројни светски лидери, претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и околу 200.000 верници. Кардиналот Џовани Батиста Ре ја водеше денешната погребна миса.
Во тестаментот од 2022 година, кој е многу краток, папата напиша дека сака да биде погребан многу скромно, во Базиликата Света Марија со единствен натпис Франциск (Фрањо на латински).
На Велигден, папата Франциск неочекувано се појави пред верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан и на илјадниците верници кратко им го честиташе празникот.
Тој беше 226 врховен поглавар на Римокатоличката црква и суверен на државата Ватикан. Почина на 89-годишна возраст на 21 април, а како причини беа наведени мозочен удар и срцева слабост.
Пред да почне со својата проповед Господ Исус Христос, во околината на Јордан проповедал Јован Крстител, кој велел: Се приближува царството небесно, доаѓа очекуваниот Месија, исповедувањето е потре...
Православните христијани на 19-ти јануари го одбележуваат големиот верски празник Богојавление – Водици Традицијата е исклучително силна во Охрид Во поранешниот систем, охриѓани скришум в зори го ф...
Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29 со Португалија во 2 коло од групата Б на Европското првенство што се игра во Данска, Шведска и Норвешка Играч на мечот беше капитенот ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.