Изборот на поезија што Упа ширум Македонија ја рецитира веќе подолго време, започна со летните настапи пред црквата Св. Јован Богослов на Канео.
Како што потенцира Тодоровски, негова намера е оваа запоставена област на актерско и сценско изразување-рецитирањето, повторно да си го завземе своето место, да ја поврати публиката и состојбите на душата кои рецитирањето ги предизвикува.
Настапот во Охрид е закажан во петок, 11- ти ноември, во Центарот за култура “Григор Прличев”, со почеток во 20 часот.