14 работодавци се казнети поради непочитување и злоупотреба на скратеното работно време на работниците, изјави денеска Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, на денешната прес-конференцијата за ефектите од преземените активности во врска со детектираните нерегуларности во имплементирањето на законските прописи со коишто се регулираат работните односи.

„Апелираме до работодавачите да внимаваат на тој дел, бидејќи се работи за морална општествена одговороност, имајќи во предвид дека кршењето на работничките права и злоуптреба на трудот, се кршење на човековите права.“ – истакна министерот Ристовски.
Инаку, до инспекторатот до сега не била доставена ниту една пријава од страна на работниците.
OhridNews












