Деновиве започна изградбата на парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп на спортскиот полигон кој ќе биде во функција за забава на најмладите жители и родители на Требеништа, како и околните села кои гравитираат во тој дел, информираат од Општина Дебрца.

Изградбата на овој парк ќе придонесе за подобрување на социјалната сфера на делување во заедницата, го подобрува соцо-економскиот аспек ја подобрува комуналната сфера, го подбрува квалитетот на испорачување на услугите кон граѓаните, ја потикнува спортската активност кај најмладите и начините за водење на здрав живот и нај важната активност е запирање на трендот на иселување село-град односно уредување на руралните центри на ниво европските рурални центри, велат од Општина Дебрца.

Со зафатот за уредување на овој простор, додаваат од Општина Дебрца, се предвидува изградба на пешачки патеки, осветлување, изградба на детско игралиште со поставување на детски реквизити играчки: вртелешка, играчка на федер, двојна клацкалка, двојна нишалка, единечна клацкалка, голем тобоган, единечна кула, спирален тобоган, мултифункционална куќичка како и поставување на урбана опрема клупи и корпи за отпадоци, хотикултурно уредување.

Со ова би се уредил моментално запуштениот простор кој воедно и го нарушува изгледот и на околните објекти како и спорската сала во непостредна близина, при што по уредувањето би се добил современ изглед на целокупниот спортски простор како и би се подобрила можноста за социjално дружење на децата и родителите. Средствата за изградба се обезбедени од страна на проектот за „Зајакнување на општинските совети”- Фаза 2 кој е финасиран од страна на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), потенцираат.

Изградбата на паркот и детското игралиште чини 2.605,212 денари од кои 1.953.909,00 денари средства се одобрени од страна на УНДП и 651.303,00 денари обезбедни од буџет на Општина Дебрца.

OhridNews